fbpx
Select Page

Компјутерски компоненти

Графички карти, процесори, матични плочи, напојувања.

Готови конфигурации. Изберете home, office или gaming оптимизирани системи.

Најдобри цени во Македонија !

 

Refurbished уреди

Голем избор на компјутери, лаптопи и монитори.

Реномирани брендови, проверени компоненти, обезбедени делови.

Најдобри цени во Македонија !

 

Што значи Refurbished и зошто да купите Refurbished?

Кај нас постои одредена стигма асоцирана со купување на  refurbished уреди.

До одреден степен ние го разбираме тоа, и сметаме дека е тоа поврзано со фактот на недостаток на информации за refurbished уредите.

Она што не го разбираме е како оваа стигма постои во општество каде купувањето на користен автомобил е толку широко прифатено.

Процесот на купување на refurbished уреди и користен автомобил се всушност многу слични – освен фактот дека финансискиот ризик што го преземаме со користениот автомобил е многу, многу поголем.

Поради тоа ќе посочиме неколку факти зошто refurbished и што значи refurbished.

#1

 Да го погледнеме купувањето на refurbish уреди од економски аспект.

Факт е дека со купување на refurbished уред нема да го добиете најновиот хардвер или најновата технологија, но она кое што треба да се запрашате е следно:

Дали навистина имате потреба од најновиот хардвер и најновата технологија, дали сте спремни да издвоите над 30-40-50 илјади денари од вашиот буџет, само за да го имате најновиот модел?

Или пак Вашите потреби може да ги задоволи и далеку поефтин refurbished уред ?

#2

Терминот “користени” или “половни” има малку поинакво значење кога зборуваме за refurbished уреди.

Тоа се уреди кои имале некој недостаток и биле вратени на производителот.

Во секој случај кога таков уред се враќа кај производителот, сите недостатоци се отстрануваат, детално се чисти, и поминува низа ригорозни тестови пред тој да биде сертифициран refurbished уред.

Тестирањето на refurbished уредите е многу поинтензивно и подетално споредбено со новите уреди.

Исто така постои голема разлика кога купувате користен уред од огласник и кога купувате refurbished уред. Уредот од огласник не е тестиран и сертифициран од страна на производителот, односно треба да му верувате на човекот кој што го продава за состојбата и исправноста на уредот.

#3

Сите refurbished уреди имаат гаранција.

Нема потреба да бидете загрижени од тој аспект, било каков проблем и да настене, ќе биде отстранет.

Обично гарантниот рок е од 6 до 12 месеци, доколку уредот има 6 месеци гаранција, имате опција да ја продолжите за дополнителни 6 месеци, односно уредот да биде со 12 месеци гаранција, нормално со минимална доплата.

За крај да го нагласиме и фактот дека кај refurbished компјутерите, сите компоненти се компатибилни.

Тоа значи дека производителот ги избрал оние компоненти кои што најдобро функционираат заедно, и сето тоа го имплементирал во куќиштето.

Тоа е една од клучните разлики помеѓу брендираните компјутери и custom направените компјутери.

Сискон Микро

ул. Кленоец 69

Скопје, Македонија

тел. 02 3067 276

моб. 070 219 588

info@atom.mk

ATOM